На 04.10.2021 во 15.15 часот на ул.„405″ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода Д.Г. (24) од Куманово. Тој се барал за издржување на казна затвор за сторено кривично дело по член 386 од Кривичниот законик -„насилство.” Д.Г. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.