Свештениците во Франција сексуално злоставувале 216.000 деца, покажа истрагата

Истрагата за сексуална злоупотреба во Француската католичка црква откри дека од 1950 година, околу 216.000 деца биле злоставувани од свештенството, изјави шефот на независната истрага за злоупотреба, Жан-Марк Сува.

Скандалот во Франција е последен во низата од оние што ја погодија Римокатоличката црква ширум светот во последните 20 години. Во повеќето случаи, тоа е злоупотреба на деца.

За време на јавната презентација на Интернет, Суве рече дека проблемот се уште постои, истакнувајќи дека до 2000-те, Црквата покажувала целосна незаинтересираност за жртвите.

Треба да знаете
Последни објави