Шведска ја поддржува Албанија на патот кон ЕУ

Министерката за надворешни работи на Шведска, Ан Линде, престојува во посета на Тирана, каде првата средба ја имаше со министерката за Европа и надворешни работи Олта Џачка.

По средбата, Линде изјави дека Шведска ја поддржува интеграцијата на Албанија во ЕУ.

– Шведска го поддржува процесот на интеграција на Албанија и вашите реформи на патот кон ЕУ. Во поопшта смисла, ние продолжуваме да ги поддржуваме земјите-домаќини да го завршат својот процес. Горди сме на достигнувањата, благодарни сме. Ве охрабруваме да ги продолжите реформите. И ОБСЕ ќе продолжи да дава силна поддршка. Остварив 20 посети во регионот, рече Линде.

Од своја страна Џачка оцени дека посетата на Линде на Албанија е важен показател за вниманието кон нашиот регион, додавајќи дека „ЕУ има нејаснотии во врска со понатамошните чекори на регионот во процесот на интеграција ЕУ”.

– Се наоѓаме во време кога самиот регион, и покрај тешкотиите и деликатните моменти како што се тензиите во северно Косово, направи многу големи чекори напред на патот на стабилизација, развој и соработка. Но, како што сите знаеме, постои нејаснотија, која доаѓа од ЕУ, во врска со понатамошните чекори на регионот во процесот на европска интеграција. И оваа неизвесност, се разбира, покрај штетата што ја прави на угледот на ЕУ, ја оштетува и парадигмата на која се гради стабилноста и соработката на Западен Балкан, посоичи Џачка.

Таа оцени дека вниманието на шведското претседателство со Организацијата за безбедност и соработка во Европа е порака за посветеност и поддршка.

– Подготвени сме да го споделиме нашето искуство како претседавач на ОБСЕ. Ние ќе соработуваме за унапредувањето на приоритетите на Албанија во Советот за безбедност. Ви посакувам успех во преостанатите месеци од претседавањето со ОБСЕ, наведе Џачка.

Линде ќе се сретне и со претседателот Илир Мета и претседателката на парламентот Линдита Никола, со претставници на граѓанскиот сектор, како и мисијата на ОБСЕ во Тирана.

Предвидено е да биде потпишан и Меморандум за разбирање меѓу ОБСЕ и Албанија за зајакнување на работата против ризикот од дистрибуција и злоупотреба на мало и лесно оружје.

Треба да знаете
Последни објави