Во последните 24 часа во соседна Србија регистрирани се 7.190 заразени лица со корона вирусот. Во истиот период, починале уште 51 пациент.
Тестирани биле 23.903 примероци. На респиратор се 269 пациенти, а во болница се лекуваат 6.519 пациенти.
Од почетокот на пандемијата во Србија се регистрирани 974.179 случаи на зараза, а тестирани се 5.751.180 луѓе.
Досега починаа 8.481 лица, како последица на корона вирусот,а процентот на смртност е 0,87 отсто.