Заев: Прогнозите за поскапувањето на храната се претерани, граѓаните да не стравуваат

Премиерот Зоран Заев вели дека се претерани прогнозите  за пораст на цените на храната до крајот на годината и до 50 проценти и дека граѓаните не треба да стравуваат.

„Тоа не е точно. Инфлацијата во државата е контролирана и таа е до 2,7 отсто и тоа е на контролирано ниско ниво. Чувствутелно е кога инфлацијата се чувствува над 10, 15, 20 проценти и тоа е факт. Ние не можеме да бидеме изолирани од настаните во светот. Отворен пазар сме и зависни од европските пазари и надвор од Европа. Цената на струјата е главен индикатор за покачување на цените на производите на просечно ниво, не повеќе од 3 проценти. Главен индикатор е берзанските цени на струјата, и тоа ќе предизвика нормално одредено влијание врз цените на продуктите, но 2,7 проценти е нешто што се контролира и е во рамките на дозволеното. Се’ што ќе помине ќе биде изненадување. Владата е тука за да помогне“, изјави Заев.

Во однос на цената на струјата, Заев рече дека цената е утврдена од Владата, разликата кон ЕСМ тие ја покриваат, а ДДВ-то е намален од 18 на 5 проценти, така што се преземани сите чекори за цената да остане стабилна за граѓаните и за домаќинствата.

Истакна дека е даден налог за вклучување на трет блок на РЕК Битола, со цел креирање на политики на комплетно менаџирање и кон компанииите и јавните институции. Тоа значи употреба на 1,8 милион тони јаглен за дополнително производство на електрична енергија. Сите обновливи извори на енергија исто се добредојдени, рече Заев.

Треба да знаете
Последни објави