„Не e време за умирање“ урива рекорди за Бонд на британските киноблагајни

Последниот филм на Даниел Крег како Џејмс Бонд го постигна највисокото отворање викендов во Обединетото Кралство од сите филмови 007.

Креговото петто појавување како таен агент 007 во првиот викенд од неговото прикажување оствари приход од 21 милион фунти помеѓу петокот и неделата, според Comscore.

Ги претрка „Скајфол“ (20,2 милиони фунти) и „Спектре“ (19,8 милиони фунти). Овие два филма се на наоѓаат на второ и трето место на британскиот боксофис на сите времиња.

Многумина во индустријата се надеваат дека „Не е време за умирање“ ќе ги покрене киноблагајните откако киносалите беа затворени во текот на пандемијата.

Треба да знаете
Последни објави