Нашиот Карпош не е само територија, нашиот Карпош се вредностите што ги граделе многу генерации во изминатите четири и пол децении. Нашиот Карпош е симбол на развојот на постземјотресно Скопје, симбол на солидарноста, заедништвото и хуманоста, се вели во најавата за промоција на програмата од кандидатот за градоначалник Душко Весковски од СДСМ.
-Ние, карпошани, имаме обврска да продолжиме да ги развиваме тие вредности и гордо да ги пренесуваме на идните млади поколенија. Нашиот Карпош е интелектуален, економски, социјален и еколошки двигател на Градот Скопје.
Одлучни сме целосно да го искористиме овој потенцијал преку поставување и одржување на уште повисоки стандарди на хумано и планско урбано живеење.
Запознајте се со деталните планови предводени од кандидатот за градоначалник на Општина Карпош и петте столба на кои се потпираат следните 4 години.
Петте столба на кои се потпира нашата програма:
1. Хумана урбанизација
• Градење плански со заштита на јавниот интерес согласно со уставните принципи за хумано живеење и почитување на приватната сопственост;
• За секој квадрат нов бетон ќе има двојно повеќе зелени површини;
• Не може да има нови градба без соодветно сообраќајно решение и доволно паркинг-места.
2.Зелена агенда
• Во овој мандатен период да се заврши терцијарната мрежа за гасификацијата да стигне до домовите на граѓаните;
• Инвестирање во алтернативни извори на енергија;
• Фотоволтаици на покривите на јавни објекти;
• Изградба на модерни депонии што ќе го преработуваат отпадот во енергија;
• Субвенции за електрични тротинети, велосипеди…
3.Економски развој
• Инвестиции од централната власт;
• Промена на даночни политики за сопственици на повеќе недвижности – најавата на Град Скопје за зголемен данок за недвижности што не се користат;
• Сервисирање долгови, укинување на парафискални давачки, социјални трансфери;
• Поддршка на претприемаштвото и отворањето нови бизниси преку микромапирање на потребите на граѓаните во одреден реон, маало…
4.Мој градоначалник
Дигитален систем за непосреден контакт на градоначалникот и советниците со граѓаните и постојана, брза, ефикасна размена на информации за услуги од надлежност на локалната самоуправа, соработка со НВО-секторот и партиципација на нивни претставник во кабинетот на градоначалникот.
5.Инфраструктурни инвестиции – Држава без кал
• 80 милиони евра преку Светска банка што ги реализира МФ за изградба на локални патишта;
• 45 милиони и ТАВ за водоводна и канализациски мрежи во општините;
• Атмосферска канализација;
• Реконструкција на полски патишта;
• Изградба на велосипедски патеки.