На 04.10.2021 во 19.45 часот на паркинг на ул.„Маршал Тито” во Неготино, патничко возило „мерцедес”, со неготински регистарски ознаки, управувано од Б.Ш.(38) од Неготино, удрило во пешакот В.А.(44) од Неготино.
Веднаш потоа настанала и физичка пресметка помеѓу нив. Во несреќата В.А. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Неготино.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.