Прифатен текстот на Договорот со Швајцарија за Проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој II фаза”

Владата на денешната 109-та редовна седница го разгледа и прифати текстот на Договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Швајцарската Конфедерација, претставувана од Амбасадата на Швајцарија во Република Северна Македонија/Швајцарска Агенција за развој и соработка (СДЦ) за спроведување на Проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој II фаза”.

– Втората фаза од овој проект ќе се спроведува од октомври 2021 до септември 2025 година и негова главна цел е намалување на нееднаквостите во развојот помеѓу и во рамките на планските региони. За реализацијата на овој проект Швајцарската агенција за развој и соработка издвојува четири милиони швајцарски франци, а Министерството за локална самоуправа ќе учествува со кофинансирање во висина од два милиони швајцарски франци, соопштија од Влада.

Треба да знаете
Последни објави