СДСМ е партнер на младите и на централно и на локално ниво, се отвораат младински центри и младински локални совети во сите општини. Во Скопје го воведуваме проектот Смарт сити, Скопје без шалтери. Со Смарт сити, Скопје сите услуги ќе ги дава онлајн и со тоа станува првиот целосно дигитализиран град во регионот, порача Мартин Попов, организационен секретар на СДСМ и кандидат за член на Советот на Град Скопје.
-Со Смарт сити, граѓаните, младите, директно и сами одлучуваат за тоа каде и како се вложуваат нивните пари. Преку апликацијата „Мое Скопје” на својот мобилен телефон, младите ќе можат да гласаат за предлози, да дефинираат приоритети и со тоа самите да ги креираат политиките во градот.
Со проектот се зголемува инклузивноста на сите граѓани, а пред се на младите. Односно ги вклучуваме граѓаните дирекно во процесите на одлучување.
СДСМ во изминатите 4 години и на централно и на локално ниво континуирано инвестира во младите за да останат овде, во татковината, во своите места на живеење и овде да ја градат својата иднина.
Резултатите се видливи.
Младинската невработеност ја намаливме од 42 на 29 отсто. Наша цел е таа до 2024 година да се спушти на 17 отсто.
Ние сме прва земја во регионот што ја разви Младинската гаранција, преку која изминатата година се вработија над 8.400, а во првите шест месеци од оваа година 2.066 млади лица.
Инвестираме во ученичкиот и студентскиот стандард.
Воведовме субвенциониран студентски оброк, а на 17.836 студенти веќе им се исплатени вкупно 25,7 милиони денари за месец септември.
Ги зголемивме студентските стипендии и за првпат воведуваме стипендии за докторанди.
Денес, гласот на младите се слуша, се следат нивните потреби.
Наместо во спомениците кои донесоа само кавги и поделби, ние вложуваме во издржани, реални младински политики.
И додека ВМРО-ДПМНЕ тепаше студенти, ги бркаше младите од државата, ние вложуваме во нивната сегашност и нивната иднина.
Наместо во барок, стиропор и палми, вложуваме во училишта, градинки, патишта, здравствени установи и социјални згради, во она значи унапредување на квалитетот на живот на граѓаните, на младите.
Така ќе продолжиме и понатаму, да го носиме Најдоброто, преку партнерство меѓу младите и општините, меѓу младите и државата.