(Видео)Полицијата на протестите во Љубљана употреби гумени куршуми, солзавец, коњи, кучиња

Во Љубљана, ограничувањата за движење сѐ уште се во сила во одредени делови од градот, како и во Блед и Брдо, и во близина на Крањ. По вчерашните протести, приведени се 25 лица, објави Индекс.хр. Според полицијата, на протестите учествувале околу 3.000 луѓе.

Силни полициски сили го обезбедија протестот, кој не беше најавен, пишува N1 Словенија. Иако полицијата ги повикаа учесниците да се разотидат, тие тоа не го сторија. Полицијата подоцна употреби водени топови, солзавец и гумени куршуми за да ги растера демонстрантите. Полициските службеници со коњи ги растеруваа демонстрантите.

Според полицискиот извештај, демонстрантите сериозно го нарушиле јавниот ред и мир. Тие фрлаа разни предмети врз возилата и полицајците. Тие го загрозија и железничкиот надвозник, што доведе до прекин на железничкиот сообраќај.

Од приведените лица три се задржани во полициска станица. Две лица побарале лекарска помош поради вдишување солзавец, а шест полицајци се полесно повредени. Според извештаите на медиумите, полицијата го уапсила и Зоран Стевановиќ, локален политичар во Крањ, за кого полицијата смета дека е еден од организаторите на протестот.

https://youtu.be/MDMHF7Rslfk

Денеска се одржува неформален самит ЕУ-Западен Балкан на Брдо кај Крањ. Синоќа се одржа неформална работна вечера на лидерите на ЕУ, чиј домаќин беше премиерот Јанез Јанша. Покрај претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лејен, претседателот на Советот Шарл Мишел и домаќинот на состанокот, Јанша, присуствуваа делегации и лидери од земјите-членки, меѓу кои хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка во заминување Ангела Меркел.

Треба да знаете
Последни објави