Во пукање во средно училиште во сојузната американска држава Тексас има неколку настрадани, пренесуваат американските медиуми.
Училиштето сега е блокирано, а учениците и вработените се затворени во училници и канцеларии. Се претпоставува дека вооруженото лице сѐ уште е во училишниот круг. Неколку полициски агенции испратија свои тимови во училиштето.
Локалниот разгранок на Ен-би-си наведува дека има повеќе повредени и дека биле видени екипите на брзата помош како излегуваат од училишниот комплекс.
„Полицијата е на местото во гимназијата во Тимбервиу поради пукањето. Ние спроведуваме истрага“, објави полицијата на „Твитер“.
Претставник на полициската управа во Арлингтон потврди дека има 4 жртви. Три лица се пренесени во локалната болница, еден повреден малолетник одбил лекување.
Се вели дека две жртви имаат рани од куршум.
Полицијата го бара Тимоти Џорџ Симпинс за кого се сомнева дека е вмешан во престрелката.
⚠️🇺🇸#URGENT: Confirmed school shooting with multiple people down near Dallas, Texas#Arlington l #TX
Officials have now confirmed several people are shot following a shooting at Timberview Highschool. Students inside report both students and teachers are shot.
Updates to come! pic.twitter.com/7ryrRYzDeY— Intel Point Alert (@IntelPointAlert) October 6, 2021