Единствениот витамин Д3 кај нас кој е регистриран како лек без рецепт.
Витамин Д3 Крка ја надополни палетата на квалитетни и ефикасни лекови на Крка, една од водечките генерички фармацевтски компании во светот.
Овој значаен витамин има влијание врз бројни витални функции: го регулира метаболизмот на калциум и фосфати, овозможува минерализација на коските и ја подобрува нивната отпорност. Затоа е од клучно значење за развојот и обновувањето на коските и забите, како и за подобра функција на имунолошкиот систем.
Токму недостатокот на витамин Д, тема која е број 1 во глобални рамки, беше поставена и на средбата со новинарите, организирана од страна на Крка-Фарма Скопје.
Според д-р Александар Митов, м-р по јавно здравје и влијанија на животната средина врз здравјето, недостатокот на витамин Д е честа појава кај луѓето кои претежно се во затворени простории, не се рекреираат на отворено, кај мали деца, тинејџери, бремени жени, постари луѓе бидејќи нивната кожа произведува помалку витамин Д, кај луѓето со прекумерна телесна тежина, кај пациенти со одредени болести (гастроинтестинални, бубрези, црн дроб) и кај оние кои примаат одредени лекови (антиепилептици, глукокортикоиди).
Умерениот недостаток на витамин Д, може да резултира со чувство на хроничен замор, некарактеристична хронична болка во мускулите, помала отпорност на акутни респираторни инфекции во текот на зимскиот период, особено вируси, а кај постарите лица може да се карактеризира со помала густина на коските, што предизвикува чести падови и скршеници.
ВИТАМИН Д3 Крка е достапен во форма на таблети кои содржат 1000 IE (25 µg/l) холекалциферол (витамин Д3), што е препорачана дневна доза за превенција и третман на недостаток на витамин Д, истакна м-р Ѓошевска и надополни дека истиот е обезбеден со висока стабилност на производот на три нивоа:
· Активна состојка дополнително стабилизирана со витамин Ц.
· Производствен процес во услови на ниска влажност.
· Алуминиумска фолија која не пропушта светлина и влага и го штити витамин Д3 во текот на целиот рок на траење.
ВИТАМИН Д3 Крка е лесен за употреба, една таблета на ден.
Има пријатен, неутрален вкус и не содржи конзерванси, бои, ароми и глутен. Повеќе за производот може да прочитате на www.vitamind3krka.mk.