Самитот ЕУ-Западен Балкан почна денеска на Брдо кај Крањ во Словенија. Средбата на врвот, што ќе се одржува денеска и утре, посветена е на европската иднина на регионот.
Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел рече дека Самитот ќе биде можност да се „потврди европската перспектива на Западен Балкан”.
– Исто така, средбата ќе биде можност да се стави до знаење дека сме подготвени да издвоиме многу пари за инвестирање во тие земји, како и за поддршка на економските реформи и борбата против корупцијата, рече Мишел по пристигнувањето на состанокот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан.
Мишел додаде дека Самитот ќе биде можност за слободна и отворена размена на мислења „за да видиме кои ќе бидат следните чекори”.