Николовски од Лозово: Со СДСМ граѓаните се на чисто, гласот за бројот 12 е глас за квалитетен живот во секоја општина

„Со СДСМ граѓаните се на чисто,  знаат дека гласот за бројот 12, гласот за кандидатот за градоначалник на Општина Лозово Ацо Велковски, гласот за нашата советничка листа е глас за развојни проекти, за патна инфраструктура, за комунална инфраструктура, за нови градинки, училишта, паркови. Ние парите ги инвестираме во граѓаните, во човечкиот фактор и во приоритетите за граѓаните”, порача на денешната граѓанска трибина во Лозово, генералниот секретар Љупчо Николовски. На трибината на којашто присуствуваа кандидатот за градоначалник на Лозово, Ацо Велковски и носителот на советничката листа Дејан Стоименовски, беа презентирани идните проекти од програмата наменети за развој на општината.
„На 17-ти октомври нема да дозволиме да се вратиме назад. Редиме успех до успех и има уште многу работа, СДСМ и коалицијата се единствениот концепт којшто ја влече државата напред и кој може со овие и уште многу други проекти да донесе подобар живот за сите граѓани. СДСМ се грижи за сите, за нас секој е важен од работници, пензионери, лица со посебни потреби, најранливите категории на граѓани, и општините помагаат на сите. Ние го штитиме достоинството на работниците. Наша главна обврска е да излеземе во пресрет и на најранливите категории, на најпогодените од сиромаштија, и тоа не само преку парична помош туку со нивно вклучување на пазарот на трудот. Креираме долгорочни и стабилни политики на сиромаштијата којашто после 30 години”, рече Николовски.
Кандидатот за градоначалник Велковски како клучни проекти за Лозово ги најави изградба на затворен пазар, реконструкција на браната „Ѓузумелци” со систем за наводнување, изградба на пречистителна станица за питка вода, со цевковод до с. Дорфулија, с. Каратманово, с. Милино од хидросистемот „Злетовица”, и уште многу други проекти.
Николовски посочи дека изминатите четири години се исполнети стратешките цели на државата, патот е трасиран за државата да напредува.
„Горд сум што сум дел од оваа генерација на политичари која наместо празни ветувања реди успех до успех и го трасира вистинскиот пат за сите наши граѓани, патот којшто носи просперитет. Денес стоиме рамо до рамо со најмоќните како 30-та земја членка на НАТО. Денес после 20 години имаме успешен попис, и сме прогласени за најбезбедната земја во регионот. Денеска сме меѓународно признаени, денеска сме најсветлатата земја во светот со најтранспарентна Влада. Од другата страна е ВМРО-ДПМНЕ, кои се против секоја мерка за граѓаните, против секој проект. А кого блокираат? Ја кочат сопствената држава ги кочат мерките на граѓаните, затоа што не знаат ништо друго освен кочници блокади и лажни вести”, рече Николовски.
„После се она што е сработено изминатите нема ниту конкуренција, нема ниту друг концепт, на 17- ти октомври да дадеме максимална поддршка за најдоброто на Општина Лозово, за Ацо Велковски”, порача Николовски.
Треба да знаете
Последни објави