Синот на Муса Џафери ќе добие кривична за нападот врз Бислимовски

Министерството за внатрешни работи информира дека е расчистен вчерашниот напад врз претседателот на Регулаторната Комисија, Марко Бислимовски, вчеравечер на тераса од угостителски објект во Дебар Маало. Напаѓачот е Аријанит Џафери, син на екс вицепремиерот Муса Џафери, кој заработи кривична пријава за насилство. Тој го признал делото.

-Во врска со случајот кој синоќа, околу полноќ, во СВР Скопје го пријави М.Б. (45) од Скопје дека на тераса од угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од А.Џ.(28) од Скопје, ја известуваме јавноста дека случајот е целосно расчистен и против А.Џ. ќе биде изготвена кривична пријава за кривично дело насилство по член 386 од КЗ, соопшти МВР.

Веднаш по пријавувањето на настанот, се вели во соопштението,  преземени се соодветни мерки за расчистување, односно изготвено е писмено известување до ОЈО Скопје, извршени се разговори со сведоци на настанот, обезбедена е видео снимка, извршен е разговор со пријавениот А.Џ., кој во целост го призна делото, и по консултација со јавен обвинител ќе биде изготвена кривична пријава за кривично дело насилство по член 386 од КЗ.

Причина за нападот е постапката за одземање на лиценцата за работа на фирмата на 28 годишниот Џафери, „У Пауер“, која се бави со снабдување со електрична енергија, поради долг кон МЕПСО. На Џафери односно на „У Пауер“ клиенти се неколку државни институции како и ТЕЦ „Неготино“.  Фирмата на Џафери не ги обезбедила навреме и во целост количините на електрична енергија за кои имаат склучено договори со потрошувачите. Затоа тие набавувале струја од резервите на МЕПСО, наменети за балансирање на електроенергетскиот систем, по цена далеку поефтина од онаа на светските берзи.

Треба да знаете
Последни објави