Ќе ги подобриме условите во училиштата и градинките, рече Тодоров на прес-конференција.
Бесплатен здрав оброк за сите ученици во основните училишта во Кавадарци и смарт табли за подобрување на образовниот систем, за подобро и поефикасно учење, најави денеска Горан Тодоров, кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ и коалицијата.
Ќе ги подобриме условите во училиштата и градинките, рече Тодоров на прес-конференција. Ќе поставиме енергетско ефикасни фасади на сите училишта и градинки.
-Ќе ги стипендираме најдобрите ученици и студенти, бидејќи тие ќе бидат клучни за развојот на општината, нагласи Тодоров.
За децата кои доаѓаат од социјално загрозени семејства, најави субвенционирање на купување лаптоп или таблет, бесплатни часови по компјутери и англиски јазик.
-Нашата цел е од Кавадарци да направиме општина, која ќе биде посакувано добро место за живеење, општина што ќе нуди еднакви можности за сите нејзини жители, рече Тодоров.