Украдено оружје од „Еурокомпозит“

На 05.10.2021 во 14:00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во периодот од 03.10 до 05.10.2021 непознат сторител со употреба на сила влегол во кругот од фабриката „11-ти Октомври – Еурокомпозит” на ул.,,Александар Македонски”, по што со подесен алат влегол во неколку објекти и одзел неколку парчиња оружје и други предмети.

Увид извршила увидна екипа од ОВР Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави