Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, денеска ќе извршат увид во изградбата на новата градинка во населбата Драчево, која е во завршна фаза.
Изградбата на градинката е финансирана од Проектот за подобрување на социјалните услуги што го спроведува Министерството за труд и социјална политика, со поддршка на Светска банка.
Една од целите на Проектот е зголемување на пристапот до квалитетни социјални услуги за ран детски развој и подобрување на условите за предучилишно образование.