Армијата доби најсовремени системи за преноќување –  министерката Шекеринска и британската амбасадорка Галовеј денес на примопредавање на донацијата

Денеска, 06 октомври (среда), во 11.00 часот во касарната во Ѓорче Петров, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и амбасадорката на Обединетото Кралство во Северна Македонија, Рејчел Галовеј ќе присуствуваат на примопредавањето на британска донација од системи за преноќување, наменети за припадниците на Лесната пешадиска баталјонска група и за специјалните сили. Донацијата се состои од два типа вреќи за спиење за три сезони и летни, потоа подлоги за вреќи за спиење, мали шатори  – набљудувачници за снајперисти и тунелски шатори за специјалци.По примопредавањето на донацијата, министерката Шекеринска и амбасадорката Галовеј ќе дадат изјави за медиумите.

Треба да знаете
Последни објави