(Видео) Видал во алкохолизирана состојба не може дури да седне во својот автомобил !

Фудбалерот на актуелниот италијански првак Интер, Чилеанецот Артуро Видал се најде во центарот на вниманието откако во јавноста се појави видео запис како во алкохолизирана состојба не е во ситуација дури за да седне во својот автомобил.

Видал како што може да се види на снимката е толку многу пијан што се прпелка по колата. Во италијанските медиуми се наведува дека оваа снимка била направена во август, на три дена пред првиот натпревар на Интер во Серија А.

Ова не е првпат со вакви испади Чилеанецот да привлекува внимание во јавноста.

Треба да знаете
Последни објави