(Видео) Водени топови и солзавец за демонстрантите против антиковид мерките во Љубљана

Полицијата им возврати на демонстрантите во Љубљана кои се собраа да го искажата незадоволството од владините ковид мерки, со водени топови и солзавец. Демонстрантите кои се собраа на плоштадот Република во Љубљана беа расштркани по помалите улици, а полицијата ја котролира ситуацијата со хеликоптер.

Словенечкото МВР ги повика сите мирно да ја напуштат областа на центарот на Љубљана и да ги следат упатствата и наредбите на полицијата.  Демонстрантите се обиделе да се доближат до хотел во кој е сместен дел од делегациите на ЕУ-самитот, но биле спречени од полицајците. Уапсени се повеќе демонстранти, меѓу кои и раперот Зоран Стевановиќ, претседател на малата протестна партија Resni.ca.

СТА јавува дека на протестите биле навредувани новинари, им биле упатувани закани и биле туркани. Неколку лица искршиле стаклена влезна врата на зградата на ТВ „Н1“, емисија која била во тек била прекината, зашто во студиото навлегол солзавец употребен од полицијата против демонстрантите во обид да ги спречат да влезат во објектот.

На најавата за нов масовен протест против владините мерки во Љубљана, пред самитот ЕУ-Западен Балкан, словенечката влада за првпат го активираше членот 9 од Законот за полициски должности и овластувања во историјата на независноста.

 

Ова значи дека полицајците ќе ги предупредат луѓето што излегуваат на протест и во случај на непочитување на упатствата, можат да дејствуваат насилно. Ова значи дека се е исто како и досега, само што во овој случај не е потребно претходно насилство за преземање полициска акција.

Треба да знаете
Последни објави