(Видео): Ердоган е можеби премногу болен за да продолжи да ја води државата

Се повеќе се зголемуваат доказите дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е болен и тоа може да биде лоша вест за политиката на земјата, пишува „Форин полиси“ (ФП).

Постојат знаци дека турскиот претседател можеби е премногу болен за воопшто да се кандидира за реизбор на изборите во 2023 година, пишува ФП.

Последните месеци се појавија снимки на кои турскиот лидер не изгледа добро. Некои од нив се помалку јасни, но сите заедно отвораат некои очигледни прашања за неговото здравје.

https://youtu.be/AGZFMVlD_YM?t=2

Во едно видео, се чини дека на претседателот му требаше помош од сопругата и помошникот додека се симнуваше по скали. Од друга страна, се чини дека има потешкотии при одење во близина на Аниткабир, мавзолејот на турскиот основач Мустафа Кемал Ататурк.

И на друго видео што привлече внимание минатиот јули, како да му беше тешко да зборува за време на празничната честитка до членовите на АКП на телевизија.

Повремено изгледаше прилично слаб, истакнува ФП. Има и гласини дека тој се бори со зголемена заборавеност, како и проблеми со дишењето, конфузија, повраќање и вградување внатрешен дефибрилатор. Според овие наводи, претседателот го зголемил бројот на лекари околу себе, ги намалил средбите со печатот и зема лекови против болки пред јавните настани.

Се разбира, како што се наведува, таквите гласини честопати ги повторуваат луѓе надвор од Турција или оние кои се далеку од потесниот круг на претседателот, така што гласините за смрт на Ердоган би можеле да бидат само празен муабет, истакнува ФП на својата веб-страница. На крајот на краиштата, посочува порталот, на други снимки се чини дека е совршено здрав. Кога се појави во емисијата на Си-Би-Ес „Соочи се со нацијата“ на 26 септември, можеби не изгледаше толку енергично како порано, но сепак има 67 години – ниту премногу стар ниту млад – и тој е на власт повеќе од 18 години, што си го зема својот данок.

Треба да знаете
Последни објави