(Видео) Тина Тарнер ја продаде целата своја колекција песни за 50 милиони долари

Рок иконата Тина Тарнер ги продаде правата на нејзиниот музички каталог, вклучувајќи хитови како The Best и Nutbush City Limits, на издавачката куќа BMG.

Договорот, исто така, предвидува дека „БМГ“ ги стекнува правата на името,  имиџот и на сличноста на Тарнер за идните спонзорски и трговски договори.

Компанијата не откри колку плаќа, но извори од индустријата велат дека сумата изнесува околу 50 милиони долари.

Тарнер изрази увереност дека „нејзината музика е во сигурни раце“.

81-годишната Тарнер е една од најпрепознатливите и најживописните sвезди во историјата на поп музиката.

Треба да знаете
Последни објави