Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, денеска се сретна со жители на населбите Топанско Поле и Гази Баба, заедно со кои пуштија во употреба нови паркинг места и асфалтирани улици.
Во Топанско Поле, градоначалникот Ганиу рече дека ивестицијата е на барање на жителите каде е создаден простор од 1500 квадратни метри паркинг простор, што ќе ги задоволи потребите за паркирање на 70 автомобили на жителите на населбата, што претставуваше проблем за долго време, а општината Чаир дополнително ги уреди зелените површини оклу паркингот.
Со оваа инвестиција, бројот на нови паркинг места за жителите на Чаир изградени во изминатите четири години достигна вкупно 1.270 паркинг места.
Овие инвестиции, градоначалникот на Чаир Висар Ганиу и кандидат за нов мандат на оваа позиција, ги направи врз основа на договорот со граѓаните за мандатот 2017-2021 година, во кој граѓаните едно од првите 3 топ приоритети го истакнаа проблемот со паркирањето. Градоначалникот Ганиу пред жителите на Топанско Поле вети дека за време на новиот мандат, заедно со партнерот Мабетекс ќе изгради 12 катни гаражи, со вкупен капацитет од 3000 нови паркинг места, и со овој проект, проблемот со паркинг места во Општина Чаир се решава за секогаш.
Градоначалникот Ганиу денеска се сретна и со жителите на населбата Гази Баба, на чие барање се асфалтирани 8 улици и улички. Ганиу денеска изврши увид на асфалтираните улици Ордан Чопела, Бајрам Шабани, Аврам Поцевски, Менделиева, улица Чаирска, улица Стојна Стевкова, улица 1664 и улица Сараевска.
Во овие осум улици и улички Ганиу рече дека се поставени вкупно 2500 метри квадратни асфалт, додека за време на неговиот прв мандат вкупно се инвестирани 65 илјади квадратни метри асфалт на целата територија на општината.