Несериозно е да се кандидирате за градоначалници на општина за која не знаете со колкав буџет располага, им порача Горан Герасимовски на неговите противкандидати за градоначалници во општина Центар во денешната емисија Студио 10 наТелевизија 24 вести.
„Овде слушам примери за Словенија, а не слушнав ниту едно конкретно решение за трите клучни проблеми во Центар, а тоа се паркирањето, хигиената и урбанизмот. Сите велите планираме, ќе направиме ама во цела дискусија не слушнав каде, како, колку и до кога. И навистина е несериозно да сакаме да водиме општина и да планираме проекти, а да не знаеме каде зашто колку треба да се планира, колку за спорт, колку за култура, урбанизам. Колку што знаеме буџетот е официјален податок, како тој е распределен и како се троши,го има на страната на општината“, рече Герасимовски на дебата наТелевизија 24.
Тој нагласи дека неговата програма нуди конкретни решенија особено во делот на најголемиот проблем паркирањето, со подземни, надземни и монтажни гаражи и истите се знае каде ќе бидат, со колкав капацитет и до кога ќе бидат изградени. Герасимовски исто така рече дека неговата програма е според реалните потреби на граѓаните за тоа што произлегла од многуте средби со граѓаните и истражувањата на микро локациите во општината.