Заев од Свети Николе: Бараме поддршка за инвестирање во зелена енергија, додека противниците бараат власт за да ја избегнат правдата

Цврсто сме посветени на забрзан локален раст, а тоа за Свети Николе значи нови инвестиции во зелена енергија и нови стопански капацитети што ќе донесат нови работни места, особено за младите, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев на партиската трибина. Тој кажа дека на државно ниво се привлечени бројни инвестиции и тоа во период кога се решавале стратешки прашања како членство во НАТО, ЕУ и во време на пандемија.

-Само во Свети Николе имаме преку 50 милиони евра инвестиции во ветерниците, повеќе од 60 милиони евра за фотонапонска централа. Ќе го брендираме Свети Николе како зелена општина.За следните четири години заедно со локалната власт ќе обезбедиме чиста вода за Свети Николе преку комплетна реконструкција на филтер-станицата со воведување нова современа технологија како и проширување на капацитетот на филтер-станицата со можност за преработка на големи количини вода до 100 литри во секунди, рече Заев.

Тој кажа дека со над осумте милијарди евра од интервентниот инвестициски план ќе се вложува во двојно и тројно повеќе капитални инвестиции во локални проекти и во отворање нови работни места.

Децениското барање на младите ќе го оствариме – ќе биде изграден Спортско-рекреативен комплекс. Тоа стана можно благодарение на домаќинското работење и добрата финансиска ситуација. Обезбедени се сите услови за довршување на градбата на затворен градски базен. Ќе изградиме нов модерен градски парк, со пешачки патеки, трим-патека, фитнес-зона, мултифункционално спортско игралиште, со урбана опрема и осветлување и хортикултурно уредување, наменет за сите граѓани. Ете што значи „Најдоброто”, затоа на 17 октомври да гласаме за бројот 12 за Сашо Велковски и советничката листа на СДСМ и Коалицијата”. За разлика од нас, кај противниците нема грижа за општините или граѓаните и имаа 12 години можност да покажат што можат да сработат, а ние покажавме дека сме различни. Противниците пак ќе не испокараат со соседите, ќе хушкаат за да го подриваат соживотот, ќе не оддалечат од ЕУ. Раководството на ВМРО-ДПМНЕ е мала загрижена група и две третини од нив се обвинети за криминал и сакаат да дојдат на власт за да се обидат да не одговараат, потенцира Заев.

Треба да знаете
Последни објави