Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски, вечерва, во дебатната емисија „Економски магазин“ на Алсат М телевизија потенцираше дека за 90% се намалени дивоградбите во Куманово.
„Имаше 25 илјади барања за легализација на диво изградени објекти или пречекорување во градба. Јас затеков ситуација со 16 илјади барања, а околу 8 илјади се решени. Имате голем број на објекти кои се изградени по законот за легализација. Имате опција или да срушите 7,8 илјади објекти или пак да чекате нов закон којшто ќе го реши тоа. Дополнителното носење на нов закон којшто опфаќа уште нови дивоградби стимулира дивоградби. Инаку, дивоградбите во Куманово се намалени за 90%, тоа е по извештаите на сите надлежни општински и инспекциски служби. Ние работиме континуирано во делот на развојот на урбанистички решенија. Повеќе во Куманово знаете зошто не го поддржуваат Максим одредени бизнисмени? Немате повеќе градби тука куќа, тука згради, се градат големи комплекси согласно деталниот урбанистички план и законодавството кое е на сила. Ќе продолжиме така да работиме, а дополнително ќе ги засилиме надлежните инспекциски служби. Немате случај во Куманово СВР да има пуштено кривична пријава против кривично дело незаконско градење. Зошто е тоа така и зошто тоа не функционира во Куманово треба да се произнесе ресорното министерство. Но, затоа општина Куманово ги зголемува своите капацитети, бирократијата е проблем, не само кај нас, туку и во општината. Самите постапки се спори, но замислете носите нов закон со којшто давате можност и стимулирате дополнително да се градат нови дивоградби“, рече Димитриевски