Сообраќаен метеж во и околу Љубљана поради самитот

Обиколницата околу Љубљана е затворена на повеќе места поради самитот ЕУ-Западен Балкан кој се одржува денеска во Брдо кај Крањ, создавајќи километарски сообраќаен метеж, соопшти денеска Информативниот центар за сообраќај.

Затворен е дел од обиколницата меѓу Козарје и Брдо кон Горењска, кај клучката Маленце од правецот Шмарје – Сапа кон Рудник, а меѓу Маленце и Козарје е затворен, јавија словенечки медиуми. Учесниците во сообраќајот известуваат дека сите патишта кон автопатот Горењска меѓу Љубљана и Брдо се затворени, како и дека поради сето тоа, создадени се огромни сообраќајни метежи и колони автомобили од најмалку 15 километри.

– Поради бројните најавени настани, денеска очекуваме поголем сообраќаен метеж на патиштата во пошироката околина на Љубљана и на патиштата кон Блед, Крањ или Брдо, како и кон аеродромот, предупреди Центарот.

Треба да знаете
Последни објави