Паралелно со изградбата на планираните проекти од инфраструктурен карактер, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Коалицијата, подеднакво внимание посветуваат и на заштитата на животната средина, вели Сугарески.
Во таа насока се нашите заложби за доизградба и комплетно уредување на Градска река, во деловите каде тоа досега не е направено.
Ново минор и мајор корито ќе се гради на потегот од печатницата „Слово“, до вкрстувањето на речното корито со улицата „Јоска Јорданоски“, каде е предвидена изградба на мост за моторни возила.
Проекот за уредување на коритото на Градска река го опфаќа и делот од населбата „Димо Наредникот“, до населбата „Сточен пазар“.
Она што треба да се потенцира, е дека покрај инфраструктурното уредување на речното корито, во тек е изградбата на новиот Кеј „1.Мај“, од мостот во „Димо Наредникот“, до новиот мост на улицата „Трајко Николоски“, во должина од 650 метри.
На тој начин, овој долго запоставуван дел од градот конечно ќе добие урбан лик, со што ќе биде реализирано долгогодишното барање на жителите на „Бончејца“, но и на останатите населби од градот по течението на Градска река.
Исто така, решение имаме и за Дабнички канал. Го решаваме проблемот со делумно изграденото речно корито, кое ќе биде целосно исчистено од дивата неурбанизирана вегетација.
Заедно со јавните комунални претпријатија, ставаме ред во нерегулираните фекални приклучоци кои заедно со фрлањето отпад во реката, претставуваат потенцијална опасност од ширење на зараза.
После уредувањето на речното корито, во втората фаза следува изградба на заштитен ѕид на кејот, кој ќе биде хортикултурно уреден со урбана опрема, канделабри и содржини корисни за локалното население.
Почитувани граѓани,
Остануваме посветени на заштитата на животната средина, ја продолжуваме бескомпромисната борба за чиста и здрава околина.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Коалицијата, го нудат најдоброто за општина Прилеп!