Модерен, стандардизиран и безбеден пат е основа за развој на туризмот и угостителството на Баба планина, затоа покренувањето на иницијатива за целосна реконструкција на патот од Битола до хотел Молика ќе биде еден од приоритетите на „Поинаку” во оваа сфера.
Во соработка со Националниот парк Пелистер ќе работиме на развој и промоција на планинскиот туризам преку целата година, бидејќи нашата планина располага со уникатни можности и убавини, кои доколку се искористат правилно можат да бидат еден од главните извори на економски бенефит за градот.
Развојот на планинарењето, зимските спортови и планинскиот туризам на Пелистер не можат да се замислат без конечна реконструкција на планинарскиот дом „Копанки”, а сето тоа треба за започне со решавање на проблемот помеѓу сите завојувани страни.
Во убавините на Битола, Баба планина и Пелистер треба да уживаат сите, со подобрени услови и одлична промоција тоа ќе го овозможиме на голем број туристи.