Skopje Sounds Good и Skopje Calling ќе се одржат на 29 и 30 октомври во МКЦ.
„Нашиот став е дека никогаш не треба да се предадеме и дека ако престане да се свири и пее, престанува и животот. Поради тоа, заедно со нашите спонзори- стратешки партнери, одлучивме двата фестивала Skopje Sounds Good и Skopje Calling коишто беа откажани поради деновите на жалост и поради катастрофата во Тетово, да се одржат во форма која е единствено возможна во овој момент“, велат од Авалон продукција.
Skopje Sounds Good, со скоро непроменет line up, ќе се одржи на 29 октомври, со настапи на BUČ KESIDI, NIPPLEPEOPLE и FUNK SHUI, а утредента на 30 октомври ќе се одржи македонско издание на Skopje Calling исклучиво со домашни диџеи и тоа: GALOSKI, CYRILLIC, CHRIS J и JANA SLAYY.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во четврток (07 октомври) во 09 часот наутро, во строго ограничен број по следниве цени: Skopje Sounds Good- 700 денари, Skopje Calling – 500 денари и Блок влезница за двата настана- 900 денари.
Од Авалон продукција наведуваат дека Skopje Sounds Good и Skopje Calling ќе се одржат согласно актуелните протоколи за одржување на јавни настани.