Борел- Заев: Никој нема забелешки за реформите, Македонија заслужува европска иднина

„Треба да ја одржиме првата меѓувладина конференција што е можно поскоро. Северна Македонија и нејзините граѓани заслужуваат да напредуваат на патот кон ЕУ”, напиша на Твитер високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел.

Борел имаше средба со премиерот Зоран Заев на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Брдо кај Крањ.

На средбата, на која присуствуваше и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, премиерот Заев ја изрази неговата и благодарноста на Владата на Северна Македонија за личната поддршка на потпретседателот на ЕК за почеток на пристапните преговори за нашата земја со ЕУ.

Премиерот Заев истакна дека блокадата на оперативниот почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ за Северна Македонија и за Албанија во целиот регион се оценува како сериозно назадување и удар врз довербата во целата ЕУ.

Потпретседателот Борел и премиерот Заев заеднички констатираа дека Северна Македонија ги исполнува сите зацртани реформи и дека никој нема забелешка на тоа поле, со што македонските граѓани во целост ја имаат заслужено својата европска перспектива.

Треба да знаете
Последни објави