Патнички авион на „Ер Индија“ се заглави под надвозник во индиската престолнина Њу Делхи.
Според Би-Би-Си, станува збор за авион што компанијата го продала и бил пренесуван по градските улици, но некој очигледно погрешно ја проценил висината на леталото. Видеото, кое брзо се прошири на социјалните мрежи, покажува како се отстранети крилјата на авионот, што е стандардна процедура кога станува збор за транспорт на авиони.
#WATCH An @airindiain plane ✈️ (not in service) got stuck under foot over bridge. Can anyone confirm the date and location?
The competition starts now👇 pic.twitter.com/pukB0VmsW3— Ashoke Raj (@Ashoke_Raj) October 3, 2021
Новинарот Ашоке Рај, специјализиран за воздухопловство и воздушен транспорт, кој го објави видеото на „Твитер“, исто така ја сподели реакцијата на компанијата.
„Ова е нерегистриран, отпишан авион на Ер Индија што беше продаден. Го транспортираа новите сопственици. Ер Индија нема никаква врска со овој настан“, објаснуваат од компанијата.
Видеото досега привлече илјадници луѓе, и сите се прашуваат како е воопшто возможен овој инцидент, пишува Би -Би -Си.