Рок иконата Тина Тарнер ги продаде правата на нејзиниот музички каталог, вклучувајќи хитови како The Best и Nutbush City Limits, на издавачката куќа BMG.
Договорот, исто така, предвидува дека „БМГ“ ги стекнува правата на името, имиџот и на сличноста на Тарнер за идните спонзорски и трговски договори.
Компанијата не откри колку плаќа, но извори од индустријата велат дека сумата изнесува околу 50 милиони долари.
Тарнер изрази увереност дека „нејзината музика е во сигурни раце“.
81-годишната Тарнер е една од најпрепознатливите и најживописните sвезди во историјата на поп музиката.