Делови од Аеродром, Карпош и Кисела Вода утре без струја

Поради технички зафати во во дистрибутивната електро мрежа, на ден 07.10.2021 година (четврток ) без електрична енергија ќе останат од 8 до 11 часот корисниците на улицата „Лазар Димитров“ од број 38 до 45, како и дел од корисниците на улицата „Добромир Хрс“ во општина Аеродром.

Регионалниот центар за управување со кризи информира дека од 9 до 14 часот струја ќе немаат и дел од корисниците на улицата „Јуриј Гагарин“ кај ООУ Владо Тасевски во општина Карпош, а 9 до 14:30 часот жителите на улицата „Сердарот“ покрај реката Мала Рада во Кисела Вода.

Треба да знаете
Последни објави