Детска недела во Карпош: За посреќно детство !

Основните училишта и детските градинки во општина Карпош ја одбележуваат Детската недела, која трае од 4. до 10. октовмри. Оваа година, оваа недела се организира под мотото: „Јас избирам здравје, а ти ? “

Во воспитно – образовните установи се презентира и Конвенцијата за правата на детето, а децата пред сè, се анимираат преку културно – уметнички активности, како и различни спортски настани. Градинките организираат ликовни хепенинзи каде што се цртаат мотиви кои го симболизираат колективниот мир, различностите и единството.

Учениците од прво одделение се зачленуваат во Детската организација, а стануваат и волонтери на Црвениот крст. Основната цел на ваквиот пристап е од рани години да се поттикне активизмот кај младите, да волонтираат и да придонесуваат во својата заедница.

Општина Карпош континуирано вложува во создавање на подобри услови за раст и развој на нашите деца. Затоа вложуваме во детската заштита и предучилишното образование. Со новиот објект на градинка „Јасмин“ во Тафталиџе 2, новата градинка „Виножито“ во Бардовци, како и реконструкцијата на „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1 придонесовме за подобри услови и посреќно детство за најмладите.

Исто така, продолжуваат и тековните реконструкции во основните училишта. Денеска секое основно училиште има сензорна соба за учениците со попреченост. Секое дете заслужува еднакви можности за едукација и напредок.

 

Треба да знаете
Последни објави