Курц бара датум за членство на Западен Балкан во ЕУ

Австрискиот канцелар Себастијан Курц синоќа во Љубљана истакна дека Австрија би сакала датум за проширување на ЕУ за земјите од Западен Балкан.

– Ако нема датум, тогаш тоа често значи дека темпото се забавува, рече Курц во изјавата за новинарите пред денешниот Самит ЕУ-Западен Балкан.

Тој оцени дека е позитивно што се одржува Самитот ЕУ-Западен Балкан и дека постои заложба на Унијата за проширување, а на прашањето за шпекулациите дека францускиот претседател Емануел Макрон нема да ја смени својата цврста позиција за проширување на ЕУ пред претседателските избори, Курц рече дека таквиот пристап го смета за погрешен.

Курц изрази задоволство што повторно се одржува директна средба со претставниците на земјите од Западен Балкан, потсетувајќи дека последниот таков состанок беше во 2018 година, пред пандемијата.

Треба да знаете
Последни објави