Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска во Атина се сретна со американскиот амбасадор во Грција, Џефри Пјат, на која било разговарано за случувањата во регионот и односите меѓу Северна Македонија и Грција.
– Разговаравме за случувањата во регионот и за односите меѓу Северна Македонија и Грција.
Поддршката од САД за #ЗападенБлакан е исклучително важна за напредокот и демократскиот развој на нашите земји, објави Пендаровски на својот Фејсбук профил.
Претседателот Стево Пендаровски престојува во прва официјална посета на Атина, во рамки на која вчера оствари средби со грчката претседателка и грчкиот премиер.