Старец изгоре во пожар во сопствената бавча во Пробиштипско

Жител на Пробиштип починал во пожар што избувнал во атарот на с. Кундино, Пробиштипско, на местото наречено Бела Вода. Пожарот зафатил нискостеблеста шума и сува трева.

„Во 15 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Пробиштип. Околу 22.50 часот на наведеното место во својата бавча бил пронајден починат Д. Ѓ. (82) од Пробиштип со видливи изгореници на телото“, соопшти МВР.

Увид извршила екипа од Полициската станица Пробиштип.

Треба да знаете
Последни објави