Кумановецoт С.А.(31) вчера e приведен поради чување диво животно.
За лицето постои основано сомнение дека сторил кривично дело неовластено ловење, чување и отуѓување диви животни. По претходно добиени сознанија за незаконско чување диво животно, полицијата презела активности, а по добиена судска наредба извршила претрес на три локации во Куманово. Со кумановецот е извршен службен разговор и против него е поднесена кривична пријава. Се преземаат и дополнителни активности за целосно расчистување на случајот.
Неодамна од Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ побараа полицијата да реагира затоа што луѓе од Скопје и Куманово се фотографирале и објавувале фотографии со мали лавчиња кои ги чуваат како домашни животни.