– Како компанија што во својата стратегија го инкорпорира дејствувањето за зачувување на животната средина во рамките на групациската програма ESG, А1 Македонија ја најавува A1 Green Call – најновата платформа за рециклирање и понатамошна реупотреба на стари електронски уреди: стари мобилни телефони, лаптопи и таблети. A1 Green Callим овозможува насите заинтересирани да ги рециклираат своите уреди без оглед на моделот, годината на производство и неговата состојба но и без оглед на тоа дали се корисници на А1 Македонија.Сè што треба да направат сопствениците на стари уреди е да се упатат во најблискиот салон на А1 и во специјално означениот простор со назнаки „A1 Green Call“ да ги остават своите уреди за понатамошно рециклирање. Дополнително, секој сопственик на стар електронски уред што ќе го остави на рециклирање, ќе добие еко-торба со чие користење ќе даде свој придонес за заштитата на животната средина.
„А1 Green Call e еко-платформа што е дел од нашето стратешко испланирано и со дела реализирано долгорочно позиционирање на А1 Македонија како компанија со одржлив начин на работа. Со оваа платформа го прошируваме полето на дејствување преку активна грижа за природата. Сите се добредојдени да бидат дел од А1 Green Call, сите корисници на стари и неупотребливи електронски уреди што ги имаат во нивните домови. Секој еден од вас е важен и навистина добредојден да се вклучи во акцијата за позелено утре и подобра иднина воопшто преку рециклирање и реупотреба на минатото. Нов, зелен, подобар свет е можен, а ние во А1 Македонија сме горди што токму ние сме компанијата лидер што ги поставува основите на еколошката дигитална трансформација во нашата земја“, изјави Методија Мирчев, Извршен директор на А1 Македонија.
A1 Green Call e проект реализиран во соработка со „Нула Отпад“, лиценцирана компанија за управување со отпад. Секој уред ќе биде соодветно селектиран, складиран и рециклиран според најнови и најбезбедни методи за справување со е-отпад.