(Видео) Енрике: Не е нормално како игра Гави со 17 години

Шпанија во полуфиналето од фудбалската Лига на нации го совлада актуелниот европски првак Италија и тоа во Милано (1:2). Феран Торес со два постригнати гола е јунакот на мечот, но одличен натпревар одигра и младиот 17-годишен играч на Барселона, Гави. Играчот за врска на Барселона ја доби битката со неговиот идол, Марко Верати.

Гави на овој натпревар против Италија стана и најмладиот репрезентативец кој настапил во сениорскиот тим на „црвената фурија“. По мечот селекторот на Шпанија Луис Енрике имаше само пофални зборови.

-Уште во младите категории можевме да видиме што добиваме со Гави. Тој носи храброст, карактер и неверојатни фудбалски вештини. Го маркираше својот идол Верати и одигра фантастично. Подготвен е за ова ниво на фудбал. Ова беше одличен прв натпревар за него. Не е нормално со 17 години да игра толку добро. Има карактер, одлични физикалии, го разбира нашиот стил на игра. Јасно е дека не е иднината на нашата репрезентација, туку нашата сегашност, изјави Енрике.

Гави со неполни 15 години заигра за селекцијата  У16, а претходното лето беше префрлен во У19 тимот прескокнувајќи една цела категорија.

Треба да знаете
Последни објави