Ново шеталиште, нов парк, два нови паркинга и нова општинска зграда најави ГоранГерасимовски, кандидатот за градоначалник на општина Центар од СДСМ и Коалицијата.
Во денешната изјава пред кругот општински бараки Герасимовски го претстави новиот проект кој му дава сосема нов лик на „Дебар Маало“.
„Во овој круг на руинирани бараки, на средина ќе има мала модерна административна зграда во која покрај Советот ќе биде сместен Младинскиот центар и други здруженија на граѓани кои работат во интерес на жителите на Општина Центар. За поголема безбедност на граѓаните на отворениот простор кон бул. „Илинден“ ќе бидат лоцирани комуналната полиција и противпожарната бригада со едно до две противпожарни возила. Голема површина зеленило предвидуваме кон ул. „ОрцеНиколов“ кое ќе биде претворено во мало шеталиште, хортикултурно уредено со модерна урбана опрема и ЛЕД – осветлување. На местото на првата барака до ул.„ОрцеНиколов“ ќе биде сместен подземен паркинг на две нивоа за 300 возила, додека оваа ограда ќе се замени со нова од еколошки материјали , изјавиГерасимовски.
Тој рече дека ќе биде обезбедени пристап до портата на старата Учителска школа, која ќе биде реставрирана со цел да се истакне нејзината културно-историска вредност.
Герасимовски исто така најави и промени на местото на поранешен ПУИК.
„Наместотона ПУИК за деловна зграда ќе се задржи само една парцела додека другиот простор ќе биде претворен во нов парк и монтажна гаража со нови 296 паркингместа. Неговата вредност изнесува 58 милиони денари и истиот ќе овозможи непречено и безбедно движење“ рече Герасимовски.
Во програмата на Герасимовски улицата „ОрцеНиколов“ ќе биде целосно резидентна и ослободена за велосипеди и пешаци. Истата ќе биде претворена во„Смартзона“ во која преку мобилна апликација граѓаните ќе дознаваат за слободните паркинг места.