Со широко мнозинство и 191 глас „за”, грчкиот Парламент вечерва го ратификуваше Договорот за воспоставување стратешко партнерство за одбранбена и безбедносна соработка меѓу Франција и Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Договорот го поддржаа пратениците од владејачката Нова демократија и од опозициските Движење на промена и Грчко решение.
Против беа 109 пратеници од СИРИЗА, Комунистичката партија и МЕРА25.
Договорот за стратешко партнерство за одбранбена и безбедносна соработка, што пред десетина дена беше потпишан во Париз, меѓу другото ја вклучува и намерата на Грција за набавка на три модерни француски фрегати „Belharra”.