Премиерот Зоран Заев денеска го осуди нападот врз претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, оценувајќи дека тоа е директен атак врз едно независно регулаторно тело, кое е многу важно за државата, како и сите други државни органи.
– Го осудувам и се надевам дека брзо ќе биде процесуирано со соодветна пријава, рече Заев додавајќи оти верува дека МВР со аргументацијата на доказите ќе преземе соодветни пријави.
Инцидентот се случил завчеравечер на тераса од угостителски објект во Дебар Маало. Напаѓачот е Аријанит Џафери, син на екс вицепремиерот Муса Џафери, кој заработи кривична пријава за насилство.