Францускиот фудбалски интеранционалец Пол Погба (28 г.) со англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед има договор до јуни 2022 година. Според „Лекип“, Погба дал согласност за продолжување на соработката со тимот од „Олд Трафорд“.
Французинот за овој свој потег им се доверил на блиските пријатели и семејството. Тој ги информирал дека планира да потпише нов договор со „црвените ѓаволи“ во најскоро можно време. Јунајтед е подготвен да му понуди договор со кој Погба би станал најплатен играч во Премиер лигата. Се шпекулира дека ќе заработува 400.000 фунти неделно.
Фудбалерот од средниот ред имаше одличен старт на сезоната, а новите засилувања како Џејдон Санчо, Рафаел Варан и Кристијано Роналдо го натерале Погба да верува дека Јунајтед сега има квалитетен тим да се натпреварува за освојување на трофејот во Премиер лигата и во Лигата на шампиони.