Пред само две недели, фудбалерот на англискиот премиерлигаш Брајтон, Ив Бисума го привлече вниманието на Островот велејќи дека е најдобриот играч за врска во лигата, а сега интернационалецот од Мали пак е во центарот на вниманието, ама поради тоа што е уапсен од страна на полицијата ! Тој во средата вечерта бил на студентска забава во ноќен клуб во Брајтон, од каде беше изведен со лисци на рацете поради сомнеж за сексуален напад.
Британскиот „Сан“ објави слики од Бисума за време на апсењето, со изјава на еден од сведоците.
– Клубот беше полн со студенти и сите беа шокирани кога го видоа таму. А уште поголем шок беше кога го видовме со лисици – изјавил еден од сведоците.
Бисума беше во друштво на 40-годишен пријател во клубот и двајцата беа приведени и задржани на сослушување. Се огласи и клубот на Бисума, Брајтон кој ја информираше јавноста за овој случај.
– Еден од нашите играчи во моментов соработува со полицијата во врска со истрагата за наводниот прекршок. Клубот не може да коментира никакви детали – официјално објави Брајтон.
Во минатото фудбалерот од средниот ред беше на листата поскаувани играчи кај Манчестер јунајтед, Арсенал и Ливерпул, кои беа подготвени да платат дури и 40 милиони евра за неговите услуги.