Стејт департментот ја поздрави Декларацијата на ЕУ, со која се поддржува европската перспектива на Западен Балкан

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс на својот Твитер профил ја поздрави изјавата на ЕУ за Западен Балкан по Самитот на Брдо кај Крањ.

„Ја поздравуваме изјавата на ЕУ за Западен Балкан. Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија продолжуваат да ја покажуваат својата посветеност кон реформите. Клучно е вратите на ЕУ да останат отворени за нив”, наведе портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс. Лидерите на ЕУ, со согласност на лидерите на Западен Балкан, на Самитот на лидери ЕУ-Западен Балкан усвоија Декларација која недвосмислено ја поддржува европската перспектива на Западен Балкан и ја потврдува нивната посветеност кон процесот на проширување базиран на „кредибилни партнерски реформи”, нагласувајќи ја важноста за зајакнување на капацитетот за интеграција и апсорпција на новите членки “од самата ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави