Стражар во касарната Илинден испукал предупредувачки куршум кон непознати, пукале и тие

На 06.10.2021 во 22.40 часот во СВР Скопје, дежурниот старешина во касарна Илинден пријавил дека стражар – војник, кој бил на стражарско место од страна на ул.„Македонско- косовска бригада”, испукал еден предупредувачки куршум откако кон неговото стажарско место се движеле две машки лица, кои не застанале и продолжиле со движење и по неговото предупредување, по што слушнал неколку истрели од страна на лицата.

Полициски службеници излегле на местото и била пронајдена една чаура. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави